Играчот на Манчестер јунајтед Немања Матиќ добил подарок кој многумина би го посакале. Србинот добил потпишан дрес од легендата на светскиот фудбал Диего Армандо Марадона.
Подарокот за Матиќ стигнал од Дубаи, а му го испратил братот Урош кој се наоѓа на подготвки со својот клуб Копенхаген.
Урош матиќ во Дубаи случајно налетал на Марадона, кој подарил свој дрес со посвета: „За Матиќ, со поседно задоволство“.
Немања Матиќ со подарокот се пофалил на Инстаграм и воедно му се заблагодарил на легендарниот Аргентинец.
Марадона е инспирација за многу играчи, дури и за оние кои се вистински фудбалски ѕвезди, а кои во младоста пораснале гледајќи ги потезите на Марадона.