Top Sport

Матиќ ќе се „врати“ кај Мурињо во Рома?

Српскиот ветеран Немања Матиќ е блиску до нова соработка со Жозе Мурињо во Рома, тврдат италијанските медиуми.

33-годишниот Матиќ преку социјалните мрежи потврди дека ќе си замине од „Олд Трафорд“ една година пред крајот на неговиот договор, откако пристигна од Челси за 44 милиони евра во 2017 година. Според „Тутомеркато“, Рома веднаш покажала интерес.

Матиќ го „следеше“ Мурињо од Челси во Манчестер јунајтед и има најмногу натпревари во Премиерлигата по португалскиот тренер.

Рома веќе договорија еден слободен трансфер за летото, откако сонародникот на Матиќ, голманот на Бенфика, Миле Свилар се согласи за трансфеер во Рим.

Scroll to Top