Top Sport

Матиќ мораше да е казни самиот себе, вели дека Погба е виновен

Немања Матиќ призна дека мора да се казни самиот себе во Манчестер јунајтед, но инсистира дека за тоа е виновен Пол Погба и дека ќе му побара 50 отсто од сумата.

Искусниот Србин е задолжен заедно со капитенот Хери Мегваер, да ги одредува казните за прекршоците на тренинзите на тимот и претходно Мегваер се пожали дека Матиќ е строг при одредувањето на казните, а сега Матиќ признава дека „во теглата има многу пари“, но и дека мора да се казни самиот себе откако разговарал со Погба на тренинг.

„Пред мечто со Њукасл, морав да се казнам самиот себе. Задоцнив две секунди, но правилата се исти за сите. Платив, бидејќи ме фатија. Задоцнив на состанок, бидејќи пред канцеларијата зборував со Пол и затоа ќе побарам да плати 50 отсто од казната. Не сум сигурен дали ќе прифати“, вели Матиќ.

Тој потврди дека претходно го казнил и капитенот Мегваер.

„Да, и тој беше казнет. Донесе телефон во вежбалната. Проблемот е тоа што јас и тој ги одлучуваме казните, а потоа доаѓа со телефон. Затоа му кажав: ‘Извини, Хери, но правилата се правила’. Важно е да се оддржува дисциплината и затоа мора да има одредени основни правила. Да не се доцни на тренинзи, на состаноци, без телефони на тренинзи. Се мачеа да се навикнат неколку месеци и имавме доста пари во теглата, но станаа подобри“, објаснува 32-годишниот Матиќ.

Мегваер е капитен на „ѓаволите“, но Матиќ има право да го казнува!

Scroll to Top