Top Sport

Матиќ одигра импресивен меч за Рома

Фудбалерите на Рома го совладаа Хелсинки (3:0) во второто коло од групната фаза на Лига Европа, а во дресот на ромскиот клуб импресивен беше српскиот фудбалер Немања Матиќ.

Омилениот војник на Жозе Мурињо го одигра најдобриот натпревар од доаѓањето во Рим, па дури. Неговата партија ја истакнаа фудбалските веб-страници специјализирани за статистика.

Поранешниот играч на Челзи и Манчестер Јунајтед – каде што исто така работеше со Мурињо – беше едноставно незапирлив на теренот. Натпреварот го заврши како играч кој имаше најмногу допири со топката, најмногу додавања, најмногу додавања во последната третина од теренот, најмногу одземени топки и најмногу создадени шанси.

Ваквата игра на српскиот фудбалер им помогна на Римјаните да се извлечат од проблемите и да го најдат патот до победата по поразот од Лудогорец во првото коло.
Им помогна и тоа што Хелсинки остана со играч помалку во 14. минута по директниот црвен картон за Тења. Подоцна тоа го казнија Дибала, Пелегрини и Белоти.

Scroll to Top