Немања Матиќ не е сигурен дали неговата иднина е во тимот на Манчестер јунајтед, иако преговарал со првите луѓе на клубот, а во исто време го пофали тренерот на Интер, Антонио Конте, зголемувајќи ги шпекулациите дека во јануари ќе заврши во Италија.
31-годишниот Србин дојде на „Олд Трафорд“ во 2017 година од Челси по барање на Жозе Мурињо и во првата сезона одигра 36 од 38 меча во Премиер лигата. Но, кога Оле Гунар Солскјер дојде на чело на тимот, Матиќ, вратен по повреда на бутниот мускул го загуби местото во првиот клуб и има само два старта во Премиер лигата.
„Да бидам искрен, уште не знам што ќе правам. Зборував со клубот, и им кажав дека до последниот ден во клубот ќе бидам професионален. Во фудбалот не знаете што ќе се случи. Моето семејствот е среќно тука, јас сум среќен, но ќе видиме кој е следниот чекор“, вели Матиќ во интервју за „Омниспорт“.
Шпекулациите велат дека тој ќе бид третиот фудбалер на „ѓаволите“, по Ромелу Лукаку и Алексис Санчез кој ќе заврши во Интер, и тој го испофали поранешниот италијански селектор, Конте.
„Антонио е луд за фудбалот. Мислам дека 24 часа размислува за фудбалот. Работи многу, ги анализира противниците, а тактички е еден од најдобрите на светот. Сигурен сум дека ќе направи големи работи во Интер, бидејќи го заслужува тоа“, додава Матиќ.