Top Sport

Мурињо се согласува дека Тотенхем сега е поголем клуб од Челси

Жозе Мурињо вели дека сега е „100 отсто Тотенхем“ и дека нема простор за симпатии откако овој викенд неговиот тим го пречекува Челси, каде што на двапати имаше успеси со „сините“.

Мурињо го пречекува својот поранешен фудбалер, Френк Лампард, кој сега е на чело на Челси и Португалецот изјавува дека нема да дозволи емоциите да играат некаква улога во сабота.

„Јас сум 100 отсто Тотенхем. Секогаш сум 100 отсто од мојот клуб и нема простор за сите претходни клубови. Им дадов сè, но тие се мои поранешни тимови. Мојот клуб е Тотенхем и тоа е лесно за мене и без проблеми на емотивната страна“, вели Мурињо.

Португалецот, кој самиот си го даде прекарот „Специјалниот“ во Челси, сега го поддржува Глен Ходл кој изјави дека во моментов Тотенхем е поголем клуб од Челси.

„Мојот клуб секогаш е  најдобриот клуб на светот, најдобриот и најголемиот. Секогаш мојот клуб“, објаснува Мурињо.

Scroll to Top