Поранешниот српски репрезентативец, Немања Матиќ, наскоро ќе го стави својот потпис на договорот со Рома. Италијанските медиуми објавија дека двете страни постигнале договор. Матиќ со Рома ќе потпише договор за сезоната 2022/2023 со опција тој да биде продолжен на уште една година.
Најголема улога во доаѓањето на Матиќ во вечниот град има Жозе Мурињо, тренерот на Рома. Португалецот инсистираше на доаѓањето на Србинот, кој беше негов клучен играч на средината на теренот додека беше тренер на Челзи, а потоа на негово барање пристигна во Јунајтед.
Симпатиите се секако обострани, бидејќи Матиќ се одлучи за Рома токму поради португалскиот стручњак и поради него одби неколку подобри финансиски понуди.