Top Sport

Матип во Ливерпул барем до 2024 година

Дефанзивецот на Ливерпул, Жоел Матип потпиша нов долгогодишен договор со лидерите во Премиер лигата, со што ќе остане на „Енфилд“ барем до 2024 година.

28-годишниот Камерунец претходно имаше договор до крајот на сезоната, но откако Јирген Клоп почна да му дава повеќе шанса да биде во првиот тим, нормално беше да му се даде нов договор. Матип дојде од Шалке како слободен фудбалер летото 2016 година и беше клучен човек во победата во ЛШ минатата година, формирајќи партнерство со Виргил ван Дајк.

„Одлично е чувството да бидеш дел од овој клуб. Однадвор знаете дека Ливерпул е голем клуб, но кога сте внатре, тогаш добивате совршено чувство за големината. Навивачите се насекаде и горд сум што сум дел од тимот“, вели Матип.

Scroll to Top