Top Sport

Маунт го шокираше „Бернабеу“ – Челси води против Мадрид, сега им фали еден гол!

Иако беа „отпишани“ по домашниот 1:3 пораз, актуелните европски шампион Челси покажаа „знаци на живот“ на „Сантијаго Бернабеу“, доаѓајќи до рано водство против Реал Мадрид, со што сега им е потребен само уште еден гол да ја поништат предноста на „кралевите“.

Мејсон Маунт, фудбалерот кој беше критикуван на првиот меч дека повеќе се грижи за фризурата отколку за фудбалот, овојпат (со скратена коса) постигна прекрасен гол по асистенцијата на Тимо Вернер за водство на тимот на Томас Тухел и најава за интересен меч.

Scroll to Top