Top Sport

Вилјареал се „држи“ против Баерн, Челси брка уште еден гол на „Бернабеу“

Вилјареал успеа да „оддолее“ во првото полувреме на „Алијанц арената“ за 0:0 по првото полувреме од реваншот во четврт-финалето на Лигата на шампионите, додека Челси води со 1:0 на гости кај Реал Мадрид за да ја заддржи неизвесноста – потребен им е уште еден гол за да бидат израмнети со „кралевите“.

Вилјареал дома славеше со 1:0 против Баварците, така што реми ги носи до полуфиналето, но тимот на Јулијан Нагелсман останува фаворит во второто полувреме.

На „Бернабеу“ пак, каде што се мислеше дека работата е завршена по 1:3 победата на Реал на „Стемфорд Бриџ“, има голема неизвесност, откако Мејсон Маунт донесе рано водство за „сините“. Еден гол во било чија мрежа во второто полувреме може да биде клучен.

Scroll to Top