Мејсон Маунт ја одбил понудата на Челси за нов договор бидејќи е крајно незадоволен од финансиските услови кои му ги нуди клубот каде што е од својата шеста година, тврдат британските медиуми. Неговиот договор со „сините“ завршува во јуни 2024 година.
Маунт го заддржа своето стартно место во Челси оваа сезона и покрај промената на тренерот и низата нови засилувања во клубот, стартувајќи 19 од 21 мечеви во Премерлигата и играјќи во сите шест меча од Лигата на шампионите. И покрај тоа што ја има целосната доверба на менаџерот Греем Потер, тој не е задоволен од однесувањето на клубот во преговорите, тврди „Дејли мејл“.
Според нивните извори, 24-годишниот Маунт очекува да биде меѓу фудблерите кои најдобро заработуваат во клубот, односно да ја зголеми за тројно сегашната плата од 80.000 фунти неделно. Челси не се подготвени да му дадат плата како на Рахим Стерлинг, кој е играчот кој најдобро заработува на „Стемфорд Бриџ“ и засега не планираат да продолжат со преговорите.