Top Sport

Маунт (повторно) се повреди

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Маунт ќе ги пропушти следните неколку натпревари поради повреда, соопштија од англискиот клуб.

Маунт се повреди на 24 август на натпреварот од второто коло во Премиер лигата помеѓу Манчестер Јунајтед и Брајтон (1:2).

Англиските медиуми пренесуваат дека Маунт ќе биде надвор од терените меѓу четири и пет недели.

Маунт (25) минатата сезона за речиси 60 милиони евра од Челзи пристигна во Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top