Top Sport

Маурицио Сари доби вистински нокаут

Лацио со 1:0 го совлада Удинезе по продолженија во осминафиналето на Купот на Италија, каде што најинтересниот момент освен убавиот гол на Чиро Имобиле беше неверојатниот „нокаут“ кој го доби тренерот на Лацио, Маурицио Сари.

Поранешниот банкар и тренер на Наполи, Челси и Јувентус, доби директен удар од фудбалерот на Удинезе, Игнасио Пусето, кој секако ненамерно по еден дуел налета на тренерот, кој стоеше покрај аут-линијата. Сепак, тој стана се гушна со фудбалерот кој му се извини, а доби и овации од домашната публика.

Scroll to Top