Top Sport

Маурицио Сари ќе остане во Наполи?

Тренерот на Наполи, Маурицио Сари, би можел да го продолжи договорот со клубот. Сари изминатите недели се поврзува со неколку англиски екипи и со руски Зенит.

„Скај Италија“ објави дека раководните луѓе на Наполи со тренерот разговарале околку неговата иднина и дека од состанокот двете страни излегле задоволни. Според овој извор, многу веројатно е дека Сари ќе остане на кормилото на Наполи.

Наводно, Сари ќе добие годишна плата во износ од 3,8 милиони евра, а во новиот договор нема да има никакви други клаузули или бонуси.

Сепак, доколку втората рунда на преговорите, на 17.мај, не биде успешна, тогаш извесно е дека Сари ќе замине, а во наполи ќе пристигне Карло Анчелоти.

Маурицио Сари во Наполи е од 2015 година кога пристигна од Емполи.

Scroll to Top