Top Sport

Шпанците владеат со Европа – 13 трофеи во 14 финалиња

Со освојувањето на Лига Европа, Атлетико Мадрид ја продолжи доминацијата на шпанските екипи во натпреварувањата што се во организација на УЕФА.

Доколку се погледнат последните пет години, екипите од шпанската Ла Лига, само лани не го подиграа пехарот во Лига Европа, бидејќи најдобар беше Манчестер јунајтед. Во сите останати финалиња во изминатите пет години победиле тимовите од Ла лига.

Шпанските тимови, најмногу Севилја, ја освојуваат Лига Европа од сезоната 2013/104. Кога тука ќе се вбројат и финалните натпревари одиграни во Лигата на шампионите, односно Суперкупот на Европа, се добива еден фасцинантен податок, Шпанците во изминатите пет години освоиле 13 од можните 14 трофеи во европските клупски натпреварувања.

Шпамската доминација може да продолжи и за десет дена доколку Реал успее да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите. Противник на Реал на 26.мај во Киев, ќе му биде Ливерпул.

Scroll to Top