Top Sport

Мажиќ: Не ми го дадоа финалето на СП поради Хрватите

Српскиот судија, Милорад Мажиќ, вели дека ФИФА не му дала да го суди финалето на Светското првенство во Русија помеѓу Франција и Хрватска, само поради тоа што во финалето играше Хрватска.

Мажиќ имаше чест минатата сезона да ја дели правдата во финалето на Лигата на шампионите и на Суперкупот на УЕФА, но вели дека ситуацијата во Русија била едноставна.

„Да не ме сфатите погрешно, но би било невкусно да влегувам подлабоко во таа тема. Вистина е дека не можев да бидам судија на меч во кој играше Хрватска. Тоа зборува доволно. По натпреварот во четврт-финалето помеѓу Бразил и Белгија беше можно сѐ, сите врати се отворија, освен последната. Ќе имам и други шанси“, вели Мажиќ.

Фото: ЕПА

Scroll to Top