Top Sport

„Мбапе ако сакаш да бидеш најдобар мораш да заминеш од ПСЖ“

Легендарниот француски фудбалер, Николас Анелка, напишал писмо до „Атлетик“, во кое му се обраќа на сонародникот Килијан Мбапе. Анелка го советува напаѓачот да го напушти ПСЖ, доколку сака да се бори за „Златната топка“.

„Драг Килијан, головите се лек за раните кои настанале од испаѓањето на пенали…Доколку сакаш поголеми награди, мораш да заминеш од ПСЖ“, стои во насловот.

Мбапе има договор со ПСЖ до јуни 2022 година. Клубот објави дека нема да му дозволи да замине ова лето. Некои медиуми тврдат дека ПСЖ ќе го задржи Мбапе, но како казна цела сезона ќе ја мине на трибините.

„Имаш две опции, да останеш во Париз или да одиш во Реал. Со двата тима можеш да ја освоиш Лигата на шампионите. Но, зависи што сакаш да постигнеш во фудбалот. Ако сакаш да ги дбиваш најголемите награди, во еден момент, мораш да заминеш пд ПСЖ. Што и да направиш во Парис ќе биде во ред, но секогаш некој ќе може да каже дека си играл само во Франција, додека најдобрите играчи играат во Англија или Шпанија. Ако ја сакаш „Златната топка“, што треба да тие цел откако ќе се повлечат Роналдо и Меси…тогаш мораш да се натпреваруваш со најдобрите. Тоа не можеш да го направиш во ПСЖ. Француската лига не е лесна, но во Европа најсилна е Премиер лигата. Ако сакаш да бидеш меѓу најдобрите, тогаш она што го правиш во ПСЖ, мораш да го правиш во Челси, Јунајтед, Арсенал, Сити, Ливерпул, или оди во Мадрид или во Барселона. Тогаш можеме да разговараме за некакво глобално влијание“, напишал Анелка.

Scroll to Top