Top Sport

Мбапе би потпишал нов договор со ПСЖ, но со гаранција дека може да замине во 2024

По лудото лето полно со шпекулации, Килијан Мбапе е подготвен да потпише нов договор со Пари Сен-Жермен, но само доколку му биде гарантирано дека ќе добие дозвола да замине следното лето, тврди „Фут меркато“.

Иднината на француската суперѕвезда доминираше на насловните страници овој преоден рок, откако ПСЖ го исклучи од првиот тим со ултиматум да потпише нов договор или да биде продаден. ПСЖ ја прифатија рекордната понуда од 300 милиони евра од саудискиот Ал-Хилал, но Мбапе одби да разговара. На крајот, 24-годишниот Мбапе се согласи да остане во францускиот шампион по состанокот со претседателот Насер Ал-Хелаифи.

Сега, француските медиуми, тврдат дека тој ќе го продолжи договорот до 2025 година, со клаузула која гарантира дека може да биде продаден во 2024. Со ова, клубот ќе биде сигурен дека тој нема да си замине без отштета, а Мбапе ќе може да продолжи во нов клуб, според многу шпекулации, Реал Мадрид.

Scroll to Top