Top Sport

Мбапе бил тестиран за корона вирусот!

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе денеска бил на тест за корона вирусот, откако поради настинка ги пропушти двата тренинзи на францускиот шампион, и иако резултатите ќе бидат познати утре, првите знаци велат дека тој не е заразен, тврди францускиот „Л’Екип“, додека телевизијата „ТФ1“ тврди дека тесот бил негативен, односно дека тој не е заразен.

И покрај овие добри вести, 21-годишниот Французин е неизвесен за реваншот од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд утре на „Паркот на принцовите“, каде што „светците“ ќе бркаат 2:1 негатива.

Мбапе во претходниот меч постигна фантастичен хет-трик за 5:1 победа на гости кај Лион во полуфиналето на Францускиот куп, откако гостувањето кај Стразбур во текот на викендот беше откажано.

Според тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, Мбапе нема настинка туку се работи за ангина (ослабување на протокот на крвта од срцето) и тој уште нема одлучено дали ќе го постави во тимот.

Scroll to Top