Top Sport

Мбапе демантиран од сопствената мајка: Преговараме со ПСЖ за нов договор!

Иако самиот Килијан Мбапе неодамна призна дека сакал да замине од Пари Сен-Жермен по големиот интерес од Реал Мадрид и многумина го протолкуваа тоа како сигурен знак дека тоа ќе се случи следното лето, сега неговата мајка во последно интервју го демантира тоа.

Фајза Ламари, инаку поранешна ракометарка, вели дека постојат преговори со францускиот клуб за продолжување на договорот.

„Разговараме со ПСЖ во моментов и работите се одвиваат добро. Зборував со спортскиот директор Леонардо вчера, и едно нешто е сигурно дека Килијан ќе го даде својот максимум до крајот на сезоната за да се освои Лигата на шампионите. Килијан мора да е среќен. Кога е тажен, веднаш ќе го каже тоа, но работите се менуваат секој ден“, вели Ламари во интервју за весникот „Ле паризиен“.

Француските и шпански медиуми тврдат дека иако Мбапе бил разочаран што не завршил во Реал Мадрид во текот на летото, големата понуда на тимот и притисокот од неговото семејство ќе значи дека тој ќе остане на „Паркот на принцовите“.

Scroll to Top