Top Sport

Мбапе е најбрзиот фудбалер на светот пред Ињаки и Обамејанг!

Килијан Мбапе во својата кариера веќе има титула светски шампион, како и шампион на Франција со Пари Сен-Жермен, а сега францускиот весник „Ле фигаро“ го потврди 21-годишниот напаѓач како најбрз фудбалер на светот

Мбапе постигнувал максимална брзина од 36 км/ч, а за споредба, светскиот рекордер на 100 и 200 метри, легендарниот јамајчански спринтер Јусеин Болт во своите најдобри денови имаше максимална брзина од 44.7 км/ч.

Блиску до него е и ѕвездата на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс (35.7 км/ч), кој и покрај обидите на повеќе европски гиганти да го донесат, потпиша долгогодишен договор со баскискиот клуб, додека трет на листата е новата мета на Реал Мадрид, капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг (35.5 км/ч).

Scroll to Top