Top Sport

Мбапе е позитивен на КОВИД-19

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен и на француската репрезентација, Килијан Мбапе е позитивен на корона вирус, потврдуваат повеќе француски извори.

21-годишниот напаѓач, кој нема симптоми, ја напуштил француската репрезентација и нема да биде дел од мечот од Лигата на нации против Хрватска во париз во вторник, меч во кој се очекуваше да биде во нападот заедно со Висам Бен Једер и Антони Марсијал.

Мбапе играше во саботата при 1:0 победата на гости кај Шведска, постигнувајќи го победничкиот гол.

Сега под сомнеж се и неговите настапи за Пари Сен-Жермен, кои треба да ја стартуваат сезоната во Лига 1 во четврток против Ленс, пред „Ле класик“ против Марсеј во недела, што е голем проблем за тренерот Томас Тухел по позитивниот тест и на Нејмар.

Scroll to Top