Килијан Мбапе е номиниран за најдобар играч во француската Лига 1, но на кратката листа нема место за неговите соиграчи од Пари Сен-Жермен, Нејмар и Лионел Меси, ниту за тренерот Маурисио Почетино.
23-годишниот Мбапе е најдобар стрелец (25) и лидер по бројот на асистенции (15) оваа сезона, и е еден од петте номинирани фудбалери од страна на Синдикатот на француски фудбалери (УНФП), покрај напаѓачите Мартин Терие (Рен) и Висам Бен Једер (Монако), кои имаат по 21 постигнат гол, херојот на Марсеј, Димитри Паје и бразилската ѕвезда на Лион, Лукас Пакета.
Џанлуиџи Донарума, сепак, влезе во изборот за најдобар голман, покрај Валтер Бенитез (Ница), Пау Лопез (Марсеј), Мац Селс (Стразбур) и Албан Лафон (Нант).
За Почетино, иако ја освои титулата со ПСЖ, нема место меѓу најдобрите тренери – таму се Хорхе Сампаоли (Марсеј), Криштоф Галтие (Ница), Бруно Генесио (Рен), Антоан Кумбаре (Нант) и Жулиен Стефан (Стразбур).
— UNFP (@UNFP) May 3, 2022