Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе стана најплатениот фудбалер на денешницата според магазинот „Форбс“, првпат по осум години на врвот наа нивната листа да не се Кристијано Роналдо или Лионел Меси.
23-годишниот Мбапе ќе зарботи 128 милиони долари за сезоната 2022/23, рекорд за годишниот ранкинг на „Форбс“, победувајќи го Меси, кој ќе инкасира 120 милиони долари и ѕвездата на Манчестер јунајтед, Роналдо со 100 милиони долари на третото место. Во топ 5 е и третиот фудбалер на пари Пари Сен-Жермен, Нејмар со 87 милиони долари, пред Мохамед Салах од Ливерпул со 53 милиони долари.
Ерлинг Халанд, кој има блескав почеток на кариерата како фудбалер на Манчестер сити, дебитира во топ 10 со заработувачка од 39 милиони долари. Десетте најдоброплатени фудбалери на светот, меѓу кои се Роберт Левандовски, Еден Азар, Анрес Иниеста и Кевин де Брујне вкупно ќе заработат 652 милиони долари, раст од 11 отсто во однос на сезоната 2020/21.
Растот на Мбапе и Халанд, кои се единствените фудбалери под 30 години на листата, според „Форбс“ сигнализира промена во глобалниот спорт, кој го чека пензионирањето на Меси и Роналдо.
The World’s Highest-Paid Soccer Players 2022: Kylian Mbappé Claims No. 1 As Erling Haaland Debuts https://t.co/MhJUIIDaq6 by @JustBirny pic.twitter.com/Yc4Qz6hQ2z
— Forbes (@Forbes) October 7, 2022
Highest paid footballers (@Forbes)
1) Mbappe – $128m 🇫🇷
2) Messi – $120m 🇦🇷
3) Ronaldo – $100m 🇵🇹
4) Neymar Jr – $87m 🇧🇷
5) Salah – $53m 🇪🇬
6) Haaland – $39m 🇳🇴
7) Lewandowski – $35m 🇵🇱
8) Eden Hazard – $31m 🇧🇪
9) Andres Iniesta – $30m 🇪🇸
10) Kevin De Bruyne – $29m 🇧🇪— EuroFoot (@eurofootcom) October 7, 2022