Top Sport

Мбапе го качи ПСЖ на врвот во Лига 1

Актуелниот француски шампион, ПСЖ повторно е лидер на табелата во француското фудбалско првенство.

„Светците“ со 3-1 попладнево славеа на гостувањето кај тимот на Мец и со собрани 72 бода во моментов се на првата позиција на табелата, на 4 кола до крајот на шампионатот.

Мбапе со два од трите гола беше ударната игла во тимот на Покетино.

Младиот француски голгетер го отвори резултатот во 4. минута, по асистенцијата на Ерера.

На самиот старт на второто полувреме Центонзе израмни на 1-1, но Мбапе со својот втор гол во 59 минута повторно ја донесе предноста на страна на својот тим.

Точка на мечот за 1-3 стави Икарди од пенал во 89 минута.

Лил уште утре ќе може да се врати на врвот на табелата (сега имаат 70 бода), но за тоа е потребно да слави на гостувањето кај Лион.

Scroll to Top