Килијан Мбапе е најдобриот фудбалер за 2021 година во изборот на Глоуб сокер наградите, наследувајќи го Кристијано Роналдо, и нанесувајќу му уште еден пораз на Роберт Левандовски, откако полскиот ас на Баерн Минхен ја загуби „Златната топка“ од Лео Меси.
Глоуб наградите ги доделува Европската асоцијација на клубови (ЕЦА), во соработка со Европската асоцијација на фудбалски агенти (ЕФАА), и веќе 11 години се доделуваво Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.
„Вистинско задоволство е да си тука опкружен со вистински легенди на фудбалот. Сакам да се заблагодарам на тие кои веруваа во мене, на моето семејство и на тие кои ми помогнаа да бидам подобар. На мојата репрезентација и мојот клуб. Сакам да напишам нова страница во историјата на фудбалот и работам за тоа“, изјави Мбапе.
Утеха за Левандовски е тоа што доби две награди на церемонијата – во изборот на фудбалските фанови и наградата „Марадона“, како најдобар напаѓач на светот. И шесткратниот освојувач на Глоуб сокер, Кристијано Роналдо не беше заборавен – тој доби награда како „најдобар стрелец во историјата“.
Алексија Путелјас од Барселона, по „Златната топка“ ја доби и наградата за најдобра фудбалерка на светот, додека за најдобар клуб беше избран Челси, за најдобра репрезентација, европскиот шампион Италија, а нивниот селектор, Роберто Манчини за најдобар тренер во 2021. Најдобар голман е Џанлуиџи Донарума, а најдобар дефанзивец Леонардо Бонучи, а тука се и малку необичните награди – најдобар агент е Федерико Пасторело, најдобар спортски директор е Чики Бегиристаин од Манчестер сити, а награда за иновација доби италијанската Серија А.
? El #GlobeSoccerAwards 2021 a mejor jugador del mundo es para… ??? #GSA2021 @Globe_Soccer pic.twitter.com/roztoFtw52
— Radio MARCA (@RadioMARCA) December 27, 2021