Килијан Мбапе очигледно е подготвен да продолжи со својата блескава форма и во дресот на Франција, ако се заклучува по последната снимка од тренерот на „триколорите“ која се појави на Интернет.
Французите се, секако, актуелни светски шампиони, и Мбапе беше човек на „спас“ во претходниот пријателски меч против Исланд, извлекувајќи 2:2 реми во финишот на натпреварот, но сега на ред е мизерната Германија на „Стад де Франс“ и тоа „здрмана“ по поразот од Холандија.
Мбапе на тренингот при позната игра „во средина“, успеа да го „патосира“ Усман Дембеле од Барселона, со прекрасен потег. Мајстор на 19 години.
Mbappe left Dembele on the floor in training. ??pic.twitter.com/3kPPogIdan
— Football HQ (@FootbaII_HQ) October 13, 2018