Top Sport

Мбапе го стави потписот на договорот со Реал

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе официјално е нов член на Реал. Откако успешно ги помина лекарските прегледи, Мбапе се упати на „Сантијаго Бернабеу“, каде што потпиша договор со европскиот и шпанскиот шампион.

Во друштво на претседателот на клубот Флорентино Перез, напаѓачот се обврза на соработка до летото 2029 година.

Со тоа ставија крај на долгогодишните шпекулации за тоа кога и дали Мбапе ќе го облече белиот дрес.

Францускиот репрезентативец само за са потписот ќе добие бонус од 130.000.000 евра, додека во Мадрид ќе заработува 26.000.000 нето годишно.

Мбапе, како и сите други асови на Реал, доби дополнително време за одмор, па ќе ја прескокне турнејата низ САД, каде што кралскиот клуб ќе игра против Милан на 3. август, а три дена подоцна против Челзи, реално е дека на располагање на Карло Анчелоти ќе му биде во битката со Аталанта за трофејот во Суперкупот на Европа, на 14 август во Варшава.

Тој ќе го носи бројот девет на грбот, кој немаше сопственик откако Карим Бензема замина во Саудиска Арабија.

Scroll to Top