Top Sport

Мбапе го „уништи“ Лион, па се повреди, ПСЖ се врати на прво место!

Пари Сен-Жермен со неверојатни 2:4 го доби дербито на 30. коло во француската Лига 1 против Лион, и го искористи „киксот“ на Лил за да се врати по подолга пауза на врвот на шампионатот.

Прва ѕвезда на тимот на Маурисио Почетино беше Килијан Мбапе, откако 22-годишниот француски репрезентативец постигна два гола за да стигне до неверојатната бројка до 100 постигнати гола во францускиот шампионат, иако постои загриженост во таборот на Парижани, откако мораше да биде повлечен од игра во 70-тата минута од мечот.

Мбапе уште во 15. минута го отвори резултатот, пред Данило во 32. минута да зголеми на 0:2. Почетокот на второто полувреме беше уште посилен – Анхел ди Марија стрелаше во 47. минута, а веќе во 52. минута Мбапе го постигна својот втор гол. Ислам Слимани веднаш по влегувањето во игра во  62. минута намали на 1:4, пред Максвел Корне во 81. минута да ги постави конечните 2:4.

Откако Ним стигна до изненадувачка 2:1 победа на гости кај Лил, ПСЖ сега се лидер во Лига 1 со 63 поени, колку што имаат и Лил (но со послаба гол-разлика), додека Лион остануваат трети со 60 поени.

ЛИГА 1, 30.КОЛО

Лион – Пари Сен-Жермен 2:4

Лил – Ним 1:2

Стразбур – Ленс 1:2

Брест – Анжер 0:0

Дижон – Ремс 0:1

Монпелје – Бордо 3:1

Нант – Лориен 1:1

\

Scroll to Top