Top Sport

Мбапе и Гризман контра полициската бруталност и расизмот во Франција

Ѕвездите на француската репрезентација, Килијан Мбапе, Антоан Гризман, Бенжамин Менди и Александер Лаказет остро ја критикуваа француската полиција по видеото кое се појави на социјалните мрежи од бруталното претепување на еден музички продуцент во Париз.

Жртвата, позната само како Мишел, се враќал во своето студио во Париз, кога тројца полицајци влегле во неговиот дом и почнале да го тепаат. Видеото се појави на социјалните мрежи и на него се гледа како двајца униформирани полицајци го удираат по главата и по телото. Мишел тврди дека тие го навредувале и на расна основа. По ова тој бил уапсен и поминал 48 часа во полициска станица.

Мбапе беше бесен.

„Несфатливо видео, неприфатливо насилство. Мојата Франција има вредности, принципи и кодови на однесување. Мојата Франција не живее во лаги. Со срце во светлото, не во сенките“, напиша Мбапе.

Scroll to Top