Top Sport

„Мбапе и Халанд се интелигентни фудбалери“

Златан Ибрахимовиќ еден од најдобрите светски напаѓачи во последните 15 години, нема прецизен одговор на прашањето кој е подобар играч Килијан Мбапе или Ерлинг Халанд.

„Сакам елегантни фудбалери. Фудбалот се игра со „мозок“, мораш да разбереш како да се движиш, да откриеш како размислуваат другите играчи. Ги сакам оние кои можат да ги предвидат работите“, рекол Ибрахимовиќ и дополнил.

„Мислам дека Мбапе малку ме потсетува на Ел Феномено Роналдо. Неговата игра е елегантна. Халанд исто така е многу јак, опседнат е со постигнувањето голови. Многу е интелигентен, знае како да постигне гол“.

Scroll to Top