Пари Сен-Жермен го продолжи совршениот старт на сезоната во француската Лига 1, откако Килијан Мбапе и Нејмар постигнаа голови за 2:1 победа над второпласираниот Лил, со што разликата е на девет поени.
Кога се мислеше дека Лил ќе успее да остане „нечепнат“ на „Паркот на принцовите“, тинејџерот Мбапе со фантастичен удар од 20-тина метри уште еднаш го покажа својот фантастичен талент во 70-тата минута. Ова е фантастичен 13-ти гол во 11 натпревари за ѕвездата.
Во 84. минута, Мбапе одлично го проигра Нејмар, кој немаше проблеми да ја смести топката во мрежата за 2:0. Лил, кои цврсто се држеа во поголемиот дел од натпреварот, во финишот имаа шанси и за израмнување, откако Никола Пепе од пенал намали на 2:1 во 90-тата минута.
Фото: ЕПА