Оливие Жиру и Килијан Мбапе ги надминале недоразбирањата по јавните коментари околу „себичноста“ на Мбапе, кои за малку ќе предизвикале вистински скандал во француската репрезентација пред ЕУРО 2020.
Ова дојде откако Жиру, откако постигна два гола во 3:0 победата во пријателскиот меч над Бугарија, јасно посочи дека не добива доволно топки.
„Како да бев невидлив кога во напад нема да ја добијам топката која ја очекувам. Не велам дека сум совршен, но има решенија во шестнаесетникот“, изјави Жиру по мечот.
Според „Л’Екип“, Мбапе бил лут на оваа изјава и планирал да излезе на прес-конференција, пред селекторот Дидие Дешам да го советува да не прави такво нешто.
Француските медиуми денеска коментираат дека на тренингот на актуелните светски шампиони, проблемите биле надминати, откако Мбапе двапати му асистирал на Жиру на меч меѓу репрезентативците.
Réconciliation entre Kylian Mbappé et Olivier Giroud. #FRA pic.twitter.com/G75KyEy6c0
— Actu Foot (@ActuFoot_) June 10, 2021