Top Sport

Мбапе им донесе триумф на „Светците“ во дербито со Монако

Килијан Мбапе е „виновникот“ што тимот на Монако со празни раце си замина од „Паркот на принцовите“ вечерва“. ПСЖ со 2-0 славеше против тимот од Кнежевството.

Францускиот голгетер својот тим во водство го доведе во 12 минута од пенал, а неговиот втор гол на мечот го постигна во 45 минута, на асистенција на Лионел Меси.

Освен двата гола, ПСЖ ниту еднаш во 90 минути не шутна во рамки на голот на противникот, но тоа не им пречеше на избраниците на Покетино да забележат нова победа и да се зацврстат на врвот на табелата со 45 бода, дури 13 повеќе од второпласираниот Марсеј.

Монако, пак, останува на осмата позиција на табелата со 26 поени.

Scroll to Top