Top Sport

Мбапе им соопштил на најблиските: Одам во Реал Мадрид следното лето

Француската ѕвезда Килијан Мбапе повторно е дел од тимот на ПСЖ. Успеа да ја „спушти топката“ и да најде заеднички јазик кој во моментот им одговара и на раководните лиѓе на ПСЖ.

Сепак, тој на своите најблиски им соопштил дека сака да се пресели во Реал Мадрид, но во 2024 година.

Според телевизијата „Ел Чирингито“, ѕвездата на ПСЖ ќе остане уште една сезона во Париз, но е дециден дека во 2024 година сака да игра само за „кралскиот клуб“.

Претходно беше објавено дека тимот на Карло Анчелоти конечно ќе се откаже од Мбапе доколку тој го продолжи договорот со тимот од „Паркот на принцовите“.
Според други извори, Мбапе бил разочаран што Реал Мадрид не се обидел да го ангажира во овој преоден рок, иако тоа ќе ги чинеше „кралевите“ околу 200 милиони евра.

Scroll to Top