Top Sport

Мбапе исфрлен од тимот на ПСЖ

Килијан Мбапе нема да биде во составот на ПСЖ за вечерашниот натпревар против Нант. Поради „долгиот јазик“, тренерот Томас Тухел решил да го „олади“ Мбапе.

ПСЖ, во неделата доживеаја тежок пораз во Лил (5:1), а по мечот Мбапе жестокот ги критикувал соиграчите.

„Игравме како почетници. Можеме да изгубиме, се случува, но не на ваков начин. Мораме ова брзо да го исправиме. Во среда имаме меч против Нант, ова веќе не смее да ни се повтори, мораме да победиме“, рекол Мбапе.

Покрај Мбапе, во тимот ќе нема уште неколку стандардни играчи: Кавани, Нејмар, Тијаго Солва, Ди Марија, Бернат, Маркињос…

Покрај со клупската Мбапе се соочува и со казна од Фудбалската федерација на Франција. Младиот напаѓач во Лил го критикувал и судењето на Беноа Бастиен.

„Истиот овој судија ни го зеде и Лига купот, ји зема играчи (алузија на црвениот картон за Бернат), не одзема се“, рекол напаѓачот на ПСЖ.

Scroll to Top