Top Sport

„Експлозија“ на Џамал Мареј, Ленард ги уништи Орландо (Видео)

Денвер Нагетс и Торонто Репторс израмнија на 1-1 во сериите против Сан Антонио Спарс, односно Орландо Меџик, а Портланд Трејлблејзерс поведоа со 2-0 во пресметката со Оклахома Тандер.

Сана Антонио Спарс не успеаја да направат уште еден брејк во Денвер, иако водеа во текот на целиот натпревар, а два пати имаа предност од 19 поени. Бекот на Нагетс Џамал Мареј одигра нестварна последна четвртина, во која постигна 21 поен, со што им ја донесе победата на Денвер 114:105.

Мареј мечот го заврши со 24 поени, поен помалку постигна Гери Херис, Никола Јокиќ имаше учинок од 21 поен, 13 скока и 8 асистенции, а Пол Милсап постигна 20 поени. Сан Антонио го предводеа Демар Дерозан со 31 и Ламаркус Олдриџ со 24 поени.

Торонто Репторс со камата им вратија на Орландо Меџик за поразот во првиот меч. Предводени од Каваи Ленард и Кајл Лаури, Репторс победија 111:82. Ленард мечот го заврши со 37 поени и по четири скока и асистенции, Лаури забележа 22 поени, 7 асистенции и 4 скока, а Паскал Сијакам имаше 19 поени и исто толку скокови.

Портланд Трејлблејзерс, во вториот меч убедливо ги победија Оклахома Тандер 114:94 и поведиа во серијата со 2-0. Оклахома по првиот период водеа со пет поени, но во останатите три четвртини доминираа бековите на Портланд Си-Џеј Мекалум и Демијан Лилард.

Мкалум постигна 32 поени, со осум скока и пет асистенции, а Лилард забележа 29 поени, четири скока и шест асистенции.

Оклахома ја предводеше Пол Џорџ со 27 поени, а расел Вестбрук запиша 14 поени, девет скока и 11 асистенции.

Scroll to Top