Top Sport

Мбапе ја попуштил шансата, никогаш нема да заигра за Реал

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ја пропушти шансата да игра за Реал Мадрид ова лето и затоа тој клуб никогаш нема да се врати по него, уверува „Ел Дебате“.

Еден од најстарите шпански весници со седиште во Мадрид пишуваше за тоа како Килијан Мбапе ги потрошил сите кредити што ги имал кај првиот човек на Реал, Флорентино Перез ова лето и дека Реал нема да ја наведне главата за да го доведе во иднина.

„Мбапе никогаш нема да игра во белиот дрес. Пред неговиот дом, помина најдобриот воз на светот, а тој го пропушти. Тој вети дека ќе се качи во возот кој застана на неговата станица. Во моментот на вистината тој избега низ станицата и исчезна“.

Реал Мадрид смета дека Килијан ја изневерил оваа институција и дека тоа е искористено од семејството на играчот кое собира 96.000.000 евра нето годишно плус бонус за потпис од уште 100.000.000 евра.

„Не можеш на таков начин да си играш со Реал. Излажете го еднаш и готово е со вас.“

Исто така, „Ел Дебате“, пишува дека Килијан кукавички го отпишал Реал Мадрид со тоа што само му пратил СМС порака на Флорентино Перез бидејќи знаел дека тој е негативецот во целата приказна и не смеел да се јави на телефон.

Мбапе, во мај, потпиша тригодишен договор со ПСЖ.

Scroll to Top