Вундеркиндот на ПСЖ, Килијан Мбапе, целиот талент го презентираше на Светското првенство во Русија, каде победи неговата репрезентација.
Мбапе во француската титула вгради четири гола, а потоа беше прогласен и за најдобар млад играч на првенството.
За француските медиуми, младиот напаѓач проговорил и за престижната награда „Златна топка“, која му се доделува на најдобриот играч во светот.
Помалку не скромно Мбапе себе си се стави во кругот на најголемите фаворити за добивање на наградата.
„Кој се фаворитите за „Златната топка“? Кристијано Роналдо, Лука Модриќ, Рафаел Варан и јас. Тоа е тоа“, рекол Мбапе.
Младиот напаѓач воопшто не го спомнал Лионел Меси, а го заборавил и соиграчот од репрезентацијата Антоан Гризман, кој исто така стана светски првак и со Атлетико ја освои Лига Европа.
Од оние што ги спомнал Мбапе, Роналдо, Модриќ и Варан со Реал триумфираа во Лигата на шампионите, Хрватот беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство бидејќи ја однесе репрезентацијата до финалето, додека Варан исто како и Мбапе стана светски првак.