Top Sport

Мбапе ќе почне преговори за нов договор со ПСЖ

Француската ѕвезда Килијан Мбапе се сложил да почне преговори околу евентуален нов договор со ПСЖ, објави „Скај Спортс“. Напаѓачот има договор до крајот на сезоната, со опција за уште 12 месеци. Сепак, Мбапе претходно најави дека нема намера да ја искористи клаузулата за продолжување на соработката за уште една година, со што го налути раководството.

ПСЖ зазеде став дека сака да го продаде веднаш, но Мбапе одби да замине во Саудиска Арабија, а не се реализираше и трансфер во Реал Мадрид.

Клубот одлучи да го суспендира и не го вклучи во составот за претсезонската турнеја низ Азија. Тој не се најде на списокот на тренерот Луис Енрике ниту за воведниот меч во Лига 1 против Лориен (0:0).

Сепак, на напаѓачот подоцна му беше дозволено повторно да тренира со првиот тим, а минатиот викенд се појави на теренот против Тулуз, постигнувајќи гол при ремито 1:1.

 

Scroll to Top