Top Sport

Мбапе ќе замине од ПСЖ само ако му го исплатат бонусот за лојалност?

Килијан Мбапе е подготвен да замине од Пари Сен-Жермен ова лето само ако го добие бонусот за лојалност кој клубот му го должи за следната година, јавува шпанска „Марка“.

Иднината на францускиот фудбалер повторно стана неизвесна по крајот на сезоната, по најавите дека нема да го продолжи договорот по истекот во 2024 година, што значи дека францускиот клуб ризикува тој следната година да замине како слободен играч. Според „Марка“, Мбапе ќе прифати да бидед продаден ако го добие бонусот за лојалност, но во спротивност ќе чека до јануари, кога ќе потпише преддоговор со Реал Мадрид пред слободниот трансфер.

Тие тврат дека Мбапе треба да добие 60 милиони евра плата и 90 милиони евра бонус за лојалност до истекот на неговиот договор со клубот од „Паркот на принцовите“.

На ова денеска дојдоа и непроверените шпекулации дека Мадрид и ПСЖ се согласиле за транфер од 250 милиони евра за Мбапе, што би претставувал нов рекорд, поминувајќи го трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ за 224 милиони евра.

Scroll to Top