Top Sport

(Видео) Така е без ВАР! Франција-Италија на ЕУРО У-21 заврши со скандал

УЕФА планира да воведе ВАР систем и гол-технологија од четврт-финалето на Европското првенство за играчи под 21 година, по вчерашниот скандалозен меч Франција-Италија.

Франција стигна до 2:1 победа во првото коло на турнирот, но под лупа беа одлуките на холандскиот судија Алард Линдхут на штета на италијанската репрезентација. Тој прво не досуди очигледен фаул над Кајлеб Околи при победничкиот гол, не досуди пенал по игра со рака на Пјер Калулу во шестнаесетникот, но најголем проблем беа случките во самиот финиш на мечот. Раул Беланова постигна гол, кој очигледно ја мина гол-линијата, но судијата и неговите помошници решија дека не се работи за гол.

Според повеќе италијански медиуми, УЕФА, на инсистирање на потпретседателот и претседател на италијанската федерација, Џузепе Гравина ќе воведе ВАР систем, но од четврт-финалето.

Scroll to Top