Француската тинејџерска сензација Килијан Мбапе доби казна од три меча од Лига 1 по црвениот картон против Ним минатиот викенд, откако лигата не покажа милост по неговата лута реакција.
19-годишниот Мбапе, кој постигна гол во 4:2 победата, беше исфрлен од игра откако го турна Тежи Савание по грубиот фаул на фудбалерот на Ним. Казната значи дека француските шампиони ќе бидат без еден од своите најдобри фудбалери за мечевите против Сент-Етјен на 14 септември, против Рен на 23 септември и против Ремс на 26 септември.
Казната не влијае на мечевите од Лигата на шампионите, каде што ПСЖ отвара против Ливерпул на „Енфилд“ на 18 септември.
Савание, кој исто така доби црвен картон од судијата Жером Брисар, доби уште поголема казна од пет меча.
93′ – Mbappe shown a red card pic.twitter.com/Kbn1CntnSp
— Soccerlit (@soccerlit) September 1, 2018
Мбапе: Нема да дозволам да се однесуваат така со мене (видео)