Top Sport

СЕХА: Нексе со драматична втора победа, Татран сигурен во Нови Сад (видео)

По историската прва победа во историјата над ППД Загреб, Нексе стигна и до вториот триумф во СЕХА-лигата, победувајќи на гостувањето кај босанскохерцеговскиот шампион Извиѓач со 24:23, додека Татран Прешов со 27:17 славеше на гостувањето кај Војводина.

Дуелот меѓу Извиѓач и Нексе беше неизвесен од почетокот до крајот. Нексе влезе во финишот со предност, но тимот од Љубушки израмни на 23:23, пред гостите во следниот напад да постигнат уште еден гол. Ведран Зрниќ имаше пет гола за Нексе, додека Ведран Делиќ и Василије Калуѓеровиќ имаа по пет голови за Извиѓач.

Војводина пак, беше „прегазена“ од словачкиот Татран Прешов со 27:17 и покрај тоа што пристигнаа во Србија без тројца стандарди првотимци. Тренерот на Татран, поранешниот хрватски селектор Славко Голужа може да биде задоволен од реакцијата, откако во првиот меч тимот загуби од дебитантот Стеауа. Бруно Буторац, Томас Чип, Јакуб Хрстка и Јануш Лапајне имаа по четири гола за Татран, додека Страхиња Станковиќ постигна пет гола за Војводина.

СЕХА ЛИГА, 2.КОЛО

Мешков Брест (Блр) – Металург (Мкд) 41:29 (17:15)

Војводина (Срб) – Татран Прешов (Свк) 17:27 (9:14)

Извиѓач (БиХ) – Нексе Нашице (Хрв) 23:24 (13:13)

Scroll to Top