Top Sport

Мбапе: Кога ќе решам веднаш ќе ја објавам одлуката

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе, открил дека се уште не решил каде ќе ја продолжи кариерата. Дополнил дека секојдневно има некои нови елементи во најважната одлука во неговата кариера.

Килијан Мбапе има договор до ПСЖ до крајот на сезоната. Доколку не потпише нов, како слободен играч ќе замине од Париз. Младиот напаѓач најчесто се поврзува со трансфер во Реал.

„Се уште не сум донел никаква одлука. Размислувам, има некои нови елементи, не сакам да донесам погрешна одлука“, рекол Мбапе.

„Кога ќе решам јавно ќе ја објавам мојата одлука“.

Scroll to Top