Килијан Мбапе инсистира дека и потенцијалното испаѓање на Пари Сен-Жеремен од Баерн Минхен во Лигата на шампионите нема да има влијание на неговата иднина во францускиот клуб.
ПСЖ во среда гостуваат во Минхен во реваншот од осминафиналето откако дома загубија со 0:1, но Мбапе вели дека тој меч нема да ја одлучи неговата иднина по шпекулациите дека размислува за заминување од Париз.
„Дали тој резултат ќе влијае на мојата иднина? Не верувам. Ако ја поврзувам мојата иднина во Лигата на шампионите, со целосен респект за клубот, одамна ќе заминев. Тука сум, среќен сум во моментов и не размислувам за ништо друго освен за добри денови со ПСЖ“, вели Мбапе.