Top Sport

Милан би му дале шанса на Лофтус-Чик

Милан се заинтересирани да го добијат Рубен Лофтус-Чик, бидејќи неговиот договор со Челси завршува за 15 месеци, а повремениот англиски репрезентативец не добива шанса под Греем Потер, тврди „Калчомеркато“.

Оваа сезона Лофтус-Чик има 17 старта за Челси, но најмногу поради низата повреди кои ги имаа неговите соиграчи, и тој е далеку во редот за влез во игра зд Енцо Фернандез, Маео Ковачиќ и Н’Голо Канте. Милан подолго време го следат 27-годишниот Англичанец, и во октомври биле во контакт со Челси кога двете екипи се сретнаа во Лигата на шампиони.

„Росонерите“ се подготвени да дадат околу 25 милиони евра за Лофтус-Чик.

Scroll to Top