Фудбалерите на Франција го победија Парагвај со минимални 1:0. „Триколорите“ вложија многу труд воФиладелфија, а единствениот стрелец беше Килијан Мбапе од пенал во 70-та минута.
Со овој гол, Мбапе стигна до вкупно 19 гола на Светските првенства во ист број одиграни натпревари, па сега е само еден гол подалеку од Лионел Меси во трката за најдобар стрелец во историјата на Светските првенства.
Уште поимпресивен е фактот дека од Светското првенство во 2018 година, Мбапе постигна 11 гола во нокаут фазата на Светското првенство, повеќе од целата репрезентација на Бразил (10), Англија (10), Португалија (9) и Шпанија (4) во истиот период.
„Знаеме како да играме валкан фудбал. Мислеа дека ќе излеземе на теренот во одела и ќе играме џентлменски, но бевме подготвени. И покрај сè, бевме подобри од нив. Тоа е нивниот стил на игра, нема правилен или погрешен начин да се игра фудбал. Се обидоа да нè победат на тој начин, но на крајот славевме“, рече Мбапе по натпреварот.
Франција ја постигна победата над Парагвај во многу тешки услови.
Во првото полувреме таа не упати ниту еден удар во рамките на голот, а дополнителен проблем беше екстремно високата температура.
На почетокот на натпреварот беа измерени 38,3 степени Целзиусови, што го рангира овој дуел меѓу најжешките во историјата на Светските првенства.
Рекордот сè уште го држи натпреварот помеѓу Република Ирска и Мексико на Светското првенство во 1994 година во Флорида, кога температурата беше 43 степени.
Покрај временските услови, Французите мораа да се соочат со солидна, понекогаш многу грубата игра од парагвајските фудбалери.
Foto/ EPA
