Top Sport

Мбапе на позајмица во Челси, а потоа се сели во Реал?

Извесно е дека Килијан Мбапе повеќе нема да го носи дресот на ПСЖ. Откако одби да го продолжи договорот, францускиот клуб бара сите како да се ослободи од Мбапе.

Желбата на Мбапе е да се пресели во Реал. На „Сантијаго Бернабеу“ никогаше не го криеле интересот за Мбапе, но во актуелната ситуација клубот нема намера да палти оштета за него. Повеќе им одговара да почекаат да заврши сезоната, а птооа да го добијат Мбапе бесплатно.

Британски „Сан“ и шпански „Спорт“, тврдат дека Мбапе претсотјната сезона ќе ја мине во Ќелси. Овие извори тврдат дека ова сценарио е можно под само еден услов.

Мбапе би играл за Челси како позајмен играч од ПСЖ, што значи дека „сините“ би ја презеле неговата анстрономска плата, а по завршувањето на сезоната тој би се преселил во Мадрид.

Доколку ова се случи, Мбапе сезонава ќе игра само во Англија, бидејќи Челси не избори пласман во европските купови.

Scroll to Top