Top Sport

Мбапе: Не сме „Фантастичната четворка“

Килијан Мбапе вели дека не е заинтересиран за прекарот „Фантастична четворка“ која ја доби квартетот напаѓачи на Пари Сен-Жермен оваа сезона.

Тренрот Томас Тухел користи четири страшни напаѓачи во неговата необична 4-2-4 формација со Мбапе, Нејмар, Анхел ди Марија и Мауро Икарди, кои во средата повторно беа во форма при 4:1 победата над Монако – Мбапе постигна два гола, а Нејмар еден.

Мбапе вели дека споребата со славната стриповска група „Фантастичната четворка“ на Марвел не е прикладна.

„Мислам дека пред сè премногу се зборува за тоа што играме со четири напаѓачи. Ќе помислите дека играме со четири напаѓачи во мал фудбал, но играме со 11 фудбалери. Знаеме дека имаме добри фудбалери, но целата работа со ’Фантастичната четворка’ не е наша измислица. Сакаме да победуваме, да освојуваме трофеи, а такви споредби оставаме на другите“, вели Мбапе.

Scroll to Top